Иако Burger King важи за бренд препознатлив по своите хумористични кампањи, пандемијата на корона вирусот ја сфати доста сериозно и активно работи на адаптација на својот бизнис кон „новата реалност.“ Во таа насока е и новиот дизајн на ресторани наменети за пост-корона светот, кој компанијата го објави деновиве.
Според двете објавени видеа, новите ресторани на Burger King ќе имаа многу поголем простор за паркинг и маневар на моторни возила, како и пултови за нарачка на поголемо растојание. Планирани се и посебни „шкафчиња“ од надворешната страна на објектите за подигнување на нарачки направени преку мобилната апликација на брендот, без да има потреба за било каков директен контакт со вработените во ресторанот.
Внатрешноста на рестораните ќи има скоро 60% помал трпезариски простор за гости кои сакаат да јадат внатре. Ова скратување на трпезарискиот простор ќе биде пренаменето за зголмување на самата кујна, со цел поголема комотност и подобра ефективност во движењето и работењето на персоналот.
Бургер Кинг планира да започне да ги гради новите ресторани веќе во 2021 година, стартувајќи со Латинска Америка, Карипскиот регион и градот Мајами во САД.
Извор – www.marketing365.mk