Пакомак нуди семе за цвеќе во замена за непотребна стаклена амбалажа

- Advertisement -

– Пакомак преку акција за собирање стакло им нуди можност на граѓаните да се ослободат од стаклениот амбалажен отпад од тегли и шишиња и да го заменат со семе за цвеќе. За најмалку две гајби тегли и шишиња или, пак, шест килограми стакло, Пакомак подарува едно пакетче ароматични семиња за расад.

-Се што треба да направите е само да се јавите на телефонскиот број 072 26 66 26 во тек на работната недела (понеделник-петок) и да ги оставите вашите контакт податоци, адреса и град на живеење, приближна количина на отпад за подигнување, телефонски број и лице за контакт. Во рок од 10 дена по добивањето на потребните податоци ќе биде изготвен детален план за подигнување на отпадот за што ќе бидете информирани. Не заборавајте да ги одложувате секојдневните стаклени амбалажи. На тој начин ќе бидете сигурни дека стаклениот отпад ќе заврши на рециклирање и ќе добие нов живот, наместо да заврши на депонија каде ќе стои неупотреблив со години, а неретко и опасен, односно стаклото да биде причина за пожар, велат од Пакомак.

- Advertisement -

Како знак на благодарност за соработката, додаваат, Пакомак ќе ве награди со семе за цвеќе кое може да го засадите во вашиот дом за да ви го разубави секојдневието и симболично да ве потсети дека грижата за живиот свет е и ваша обврска.

Новата акција на Пакомак создава услови за целото население правилно да го одложува стаклениот отпад, елиминирајќи ја оддалеченоста на поединечните домаќинства од соодветните контејнери и олеснувајќи го процесот во корист на граѓаните, а за долготраен бенефит на околината. Со рециклирање директно помагате во крирање на подобра иднина. Бидете одговорни кон околината и животната средина и приклучете се кон акцијата на Пакомак, додека чекате да ве контактираат, не заборавајте да ги одложувате тековните стаклени амбалажи во зелените контејнери во вашиот град, порачуваат од Пакомак.

Сподели!
- Advertisement -