Кина инвестира милијарди долари во такси-роботи

- Advertisement -

Google почна да инвестира во автономна технологија пред десетина години, а истражувањето, развојот и бројните трстови кои се прават повеќе од една деценија резултираа со првиот такси-сервис во светот со возила кои не ги управуваат луѓе, туку компјутери. После промената и реорганизацијата во Google, за развојот на такви автомобили сега е задолжена компанијата Waymo, но изгледа дека на пазарот сега може да ги престигнат бројни кинески компании.

Според истражувања на консултанти од McKinsey, токму Кина има најдобар потенцијал да стане најголем пазар на автономни возила. Најголема примена автономијата на возилата треба да има во такси возилата. Тaканаречените роботакси со тек на време би ги презеле воланите и би ги замениле возачите. За 20-30 години отсега на возачите на такси возила ќе гледаме како на работа која постоела во минатото, смета извршниот директор на WeRide, Тони Хан.

- Advertisement -

Во разговор за CNBC тој вели дека роботизацијара ќе ги замени човечките професии затоа што со тек на време цената на хардверот ќе биде пониска, додека цената на човечкиот труд само ќе расте. Веќе за 3-5 години отсега автономната технологија треба да почне масовно да се користи во такси возилата во Кина, додека неговата компанија би станала профитабилна во 2025 година.

Каква е иднината на роботакците покажуваат податоците од McKinsey, кои се однесуваат на подалечната иднина. Според нив, до 2024 година 66% од километрите поминати со такси ќе ги поминат автономни возила, што би требало да донесе заработка од 1,1 трилион долари од самите мобилни сервиси и околу 900 милијарди долари од продажбата на автономните возила.

- Advertisement -

Некои кинески компании на домашниот пазар истот така ќе стартува такси-сервиси со компјутери како возачи. Така, AutoX, зад кој стои Alibaba, почна со автономен сервис во Шангај, WeRide лансираше таков сервис во Гуангжу, а на слични проекти работат и DiDi, Baidu и Pony.ai.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: autox.ai)

Сподели!
- Advertisement -