МБА: Граѓаните да не се вознемируваат од неточни тврдења, банките се стабилни и сигурни

- Advertisement -

Граѓаните да не се вознемируваат од изјави и објави на неточни и непроверени информации за банкарскиот систем, туку да го следат официјалниот извор на информирање – Народната банка согласно која банките се стабилни и сигурни, реагира денес Македонската банкарска асоцијација.

„По пласираните неточни и општествено неодговорни тврдења од некои субјекти во текот на изминатите денови, како Македонска банкарска асоцијација апелираме до граѓаните да не се вознемируваат од изјави и објави на неточни и непроверени информации за банкарскиот систем.

- Advertisement -

Препорачуваме да се следи официјалниот извор на информации за работењето на банките – Народната банка согласно која банките се стабилни и сигурни, располагаат со исклучително високо ниво на ликвидност, а солвентноста е повеќе од двојно повисока од законскиот минимум.

Банкарскиот систем во секој момент може да одговори на потребите на граѓаните и компаниите, преку квалитетна и соодветна кредитна поддршка и клучно – преку безбедност за нивните депозити.

- Advertisement -

Тоа се темели на стабилноста и сигурноста на банките и е демант на секоја пласирана невистина којашто се однесува на банкарскиот систем“, се вели во соопштението до медиумита од Македонската банкарска асоцијација.

Сподели!
- Advertisement -