Наскоро: Онлајн саем за вработување во Македонија, Хрватска, Србија, БиХ и Словенија

- Advertisement -

Дали знаете дека понекогаш само еден клик ве дели од работата од соништата? Подгответе се за најголемиот регионален онлајн саем за вработување кој оваа година ќе се одржи од 7-ми до 14-ти октомври!

11-та година по ред, водечките портали за вработување во Македонија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Словенија го организираат најголемиот и единствен онлајн саем за вработување каде најпрестижните компании од регионот на уникатен начин ќе ги претстават своите можности за вработување.

- Advertisement -

Саемот ќе се одржи од 7-ми до 14-ти октомври 2020 година и ќе биде отворен од 0 до 24 часот, а истиот ќе може да го посетите од кој било уред (десктоп, лаптоп, таблет, мобилен) преку веб страната:
www.regionalensaemzavrabotuvanje.com

Сè што ви треба е интернет!

- Advertisement -

На саемот, ќе имате можност да ги посетувате виртуелните штандови на компаниите во Македонија и регионот, да аплицирате на огласи за работа кои ќе бидат активни само за време на саемот и да стапите во директна „еден на еден“ комуникација со претставници од компаниите преку chat.

Покрај тоа, интерактивната платформа ќе ви овозможи да „ѕирнете“ во компаниите, односно во нивната бенефициска програма, искуствата на вработените, фотографии и видеа и други важни информации за процесот на вработување.

- Advertisement -

За учество на саемот не е потребна претходна регистрација. Сè што треба да направите е од 7-ми до 14-ти октомври да ја посетите веб страната www.regionalensaemzavrabotuvanje.com, да изберете просторија каде што изложува вашиот работодавач и да се втурнете во потрага по вашата работа од соништата. Да, толку е лесно и едноставно!

ЗА КОМПАНИИ
Сакате да резервирате штанд за вашата компанија?
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ШТАНД

Минатата година на саемот се претставија 84 компании со дури 537 понуди за вработување, а истиот го посетија над 300.000 работобаратели од регионот. Оваа година очекуваме уште подобри бројки!

Организатори на саемот се порталите Vrabotuvanje.com – Македонија, MojPosao – Хрватска, Poslovi Infostud – Србија, MojPosao.ba – Босна и Херцеговина и Deloglasnik – Словенија

Сподели!
- Advertisement -