Forbes: Џеф Безос трета година по ред најбогат Американец

- Advertisement -

Извршниот директор на Амазон, Џеф Безос го задржа првото место на годишното рангирање на Форбс на 400 најбогати Американци, додека американскиот претседател Доналд Трамп падна од 275-то место минатата година на 352-та позиција оваа година.

И покрај пандемијата од Ковид-19, американските супербогаташи одат напред подобро од кога било, пишува Форбс по повод 39 годишната ранг-листа на најбогати луѓе во САД, што беше објавена во вторникот.

- Advertisement -

Вкупното богатство на 400 рангирани Американци оваа година е 3.200 милијарди долари, што е зголемување за осум проценти во однос на претходната година и рекордно ниво според Форбс за четири децении следење на богатството на американските милијардери.

Безос, основачот и шеф на Амазон, остана и во 2020 година, трета година по ред, на врвот на листата на Форбс на најбогати Американци, со богатство од 179 милијарди долари, пресметано врз основа на вредноста на акциите и курсот на 24 јули, кое во однос на минатата година е зголемено за 57 проценти.

- Advertisement -

Сепак, Форбс оттогаш објави дека на крајот на август нето-вредноста на Безос достигна рекордни 200 милијарди долари и дека тој е првиот во историјата чие богатство го надминало тој праг.

Дури 25 богаташи не се најдоа на ранг-листата оваа година во однос на минатата година, од кои десет дури испаднаа од списокот, делумно поради загубите што им ги предизвика пандемијата на вирусот корона, се вели во извештајот на официјалната веб-страница на Форбс.

- Advertisement -

(Denar.mk)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -