Amazon отвора уште 100.000 работни места поради се поголемата побарувачка за онлајн шопинг

- Advertisement -

Поради силниот пораст на побарувачката за онлајн купување во текот на пандемијата на корона вирусот, американскиот е-трговец, гигантот Amazon, објави дека во САД и Канада ќе вработи дополнителни 100.000 луѓе. Како што пишува ABC News, ова ќе биде четврт циклус на вработување во оваа најголема интернет-продавница во светот, а компанијата планира да вработи работници на полно и скратено работно време во 100 нови складишта и оперативни локации кои ќе бидат отворени во текот на месец септември.

Кон крајот н јули годинава Amazon имаше 876.800 работници, не сметајќи ги тука производителите и вработените на определено време. Уште претходно годинава интернет трговецот вработи 175.000 луѓе за да може да држи чекор со растот на онлајн-порачките, а минатата недела од компанијата соопштија дека мора да пополнат уште 33.000 работни места во корпоративните и технолошките сектори.

- Advertisement -

Потпретседателката на Amazon, Алисија Болер Дејвис, истакна дека компанијата нуди бонуси од 1.000 долари во некои градови каде што можеби ќе биде потешко да се пронајдат работници како што се Детроит, Њујорк, Филаделфија и Лиусвил, Кентаки. Почетната плата во компанијата изнесува 15 долари на час.

Од компанијата наведуваат дека во текот на наредните денови ќе има значително поголемља активност во нивните складишта затоа што се ближат празниците, а планираат есенва да организираат и еден од своите најпрометни денови за шопинг, Prime Day, откако беше одложен во јули годинава.

- Advertisement -

„Аmazon во наредниот период ќе размисли дали е потребно да се вработат уште работници кога ќе дојдат празниците. Минатата година во пресрет на тој период вработивме дополнителни 200.000 луѓе“ вели Дејвис.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -