Грижата за сопственото здравје треба да им биде приоритет на сите луѓе во светот, но бидејќи многумина си го занемаруваат здравјето, лошо спијат, не се хранат здраво, не вежбаат, Сингапур ги презема работите во свои раце за да ги мотивира своите граѓани на здрав живот.
Имено, властите во Сингапур покренаа интересна иницијатива со финансиски награди за граѓаните. Програмата е развиена во соработка со меѓународни здрвствени експерти и технолошки компании со цел да се подобри животот на луѓето и здравјето на целата популација.
Двегодишната програма треба да започне идниот месец. Програмата е направена во сорбаотка со Apple и луѓето кои ќе одлучат доброволно да учествуваат треба да користат паметен часовник на Apple и посебна апликација LumiHealth, која е еден вид персонализирана велнес програма. Чаосвникот и апликацијата ќе ги следат активностите како медитација, јога, пешачење, пливање и сите други спортови. Исто така, корисниците ќе ги потсетува на важноста на правилната исхрана, како и учеството во вкацинирањето против корона вирусот.
Ќе биде интерсно да се види како корисниците на програмата ќе ја прифатат вакцината против корона вирусот и дали тоа ќе биде еден од условите за остварување парична награда од 280 долари. Апликацијата, напоменуваат од Apple, е направена со акцент на приватноста и безбедноста, па сите корисничи податоци ќе бидат шифрирани и нема да се споделуваат си други компании.
Змаеник премиерот на Сингапур, Хенг Сви Кит, истакна дека мора да продожат со предизвиците кои ги создава корона вирусот, да продолжат да инвестираат во иднината на човештвото. Тој смета дека соработката на владата со Apple ќе резултира со поздрав живот на населението.
(Apple)
(фото: Pxfuel)