Компанијата Google објави дека надоместила исто толку јаглерод диоксид колку што емитувала од основањето од 1998 година досега, а целта е до 2030 година Google да користи исклучиво електрична енергија од обновливи извори, како и дека секоја акција која ќе се преземе на нивните сервиси, како што е испраќање имејл или ребарување, ќе биде напојувана со чиста енергија.
Покрај тоа, тие ќе инвестираат и во нови технологии кои ќе овозможат преминување на општество кое произведува мала количина јаглерод диоксид, а изложените планови ќе отворат нови 20.000 „зелени“ работни места не само во Америка, туку и во други делови од светот.
Google уште во 2007 година стана карбонски неутрална компанија. Тоа го постигнаат така што го зголемија уделот на обновливи извори во својата потрошувачка на енергија, поставија соларно панели на своите објекти и почнаа да користат хибридни автомобили, додека остатокот од емисијата која не успеале да ја елиминираат го надоместуваат преку карбон офсет активности, како што е садењето дрвја.
Од 2017 година Google постигна уште една климатска цел, а тоа е изедначување на енергетската потрошувачка со купување струја произведена со помош на обновливи извори на енергија. Така, иако сите 100% од енергијата која Google ја потрошил не дошле од зелени извори компанијата на своите доставувачи им плаќа дополнително за да ја надомести разликата и да произведе дополнителна чиста струја каде што е возможно.
Во последно време многу компании одлучија да направат планови за да ја намалат емисијата на гасови со ефект на стаклена градина и се вртат кон обновливи извори на енергија.
(N1)
(фото: Needpix)