Шведската компанија Stillfront Group ќе оддели над 148 милиони долари за хрватскиот издавач на видеоигри Nanobit. Nanobit е еден од водечките издавачи на видеоигри за игри за мобилни во регионот. Покрај издавањето компанијата развива и сопствени видеоигри.
„Индустријата за мобилни игри брзо расте и станува глобална. Ако сакаме да останеме број 1, мора да одиме напред. Со влегувањето во групата Stillfront, Nanobit добива дополнителен двигател, што ќе ни овозможи понатаму да растеме и развиваме нови амбициозни планови и проекти. Како дел од Stillfront со нетрпение очекуваме да соработуваме со други успешни студија. Ова дополнително ќе го забрза растот на Nanobit и на Stillfront Group, a нашите вработени ќе имаат можност да соработуваат со светските пионери“, велат Алан Сумина и Зоран Вучиниќ.
Студиото досега има издадено 29 наслови; 10 апликации и 19 видеоигри. Компанијата се фокусира на RPG видеоигри со фокус на жените гејмери, вели Digital Spoiler. Апликациите и видеоигрите на Nanobit имаат над 145 милиони преземања.
Nanobit е основан од Алан Сумина и Зоран Вучиниќ. Во првата трансакција основачите ќе добијат 70 милиони долари во кеш и 30 милиони долари во акции. Со ова Stillfront Group ќе добије удел од 78 отсто во хрватскиот девелопер. По ова во 2021 и 2022 ќе ги купат и преостанатите акции од компанијата.
Извор – www.it.mk