Ова е Horizon, апликацијата за виртуелна реалност што ја развива Facebook

- Advertisement -

Facebook ја претстави VR апликацијата Horizon, која ја развива за сите љубители на виртуелната реалност. Имено, корисниците на оваа социјална мрежа ќе добијат вистински виртуелен свет во кој ќе се дружат, ќе истражуваат и ќе играат игри со користење на сопствен анимиран аватар, кој ќе ги претставува.

Како што пишува Mashable, Facebook моментално работи на развој и уѕсовшрување на сите можности на виртуелниот свет Horizon, кој ќе биде развиен за корисниците на Oculus Quest VR очилата. Алатките на оваа социјална мрежа се така дизајнирани да овозможат корисниците да градат сопствени светови, да играат игри и да разменуваат искуства со сите кои доаѓаат и го населуваат виртуелниот простор во Horizon.

- Advertisement -

Horizon потсетува на Facebook група со самото тоа што на корисниците им се овозможува да се поврзат си слични идеологии. На луѓето ќе имн се овозможи да основаат заедници и токму на тоа е ставен акцентот во овој проект. Моментално оваа социјална платформа им овозможува на своите творци да додаваат осум луѓе во своите вируелни светови, но под услов да се активни корисници на Facebook.

Од Facebook велат дека за корисниците на Horizon важат истите правила за приватност. Тоа значи ако споделувате содржини на Horizon во истиот момент му давате дозвола на Facebook да ги чува, да ги копира или да ги споделува со други.

- Advertisement -

VR апликацијата ќе биде мешавина од места за дружење и разговор и други делови каде што може да се играат игрички еден против друг. Од Facebook велат дека секој што го користи Horizon ќе може да повикува луѓе лидери за да им помогне да напрадуваат и подобро да ја запознаат виртуелната средина.

Тестирањето треба да започне наредната година, а Horizon ќе биде достапен за помал број корисници на Facebook.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -