Louis Vuitton дизајнираше визири со златни декорации за љубителите на високата мода

- Advertisement -

Бидејќи не се навестува крај на пандемијата на корона вирусот во блиска иднина, заштитните маски и визирите станаа дел од нашето секојдневие. Меѓутоа, кој би рекол дека ќе служат и како моден додаток? Креаторот на луксузна мода Louis Vuitton на љубителите на луксузот понуди свој уникатен визир со златни детали.

Изминатите неколку месеци достапни се и Off-White заштитни маски по цена од 95 долари, како и Burberry винтиџ маски за 115 долари. Сепак, Louis Vuitton отиде чекор подалеку и на љубителите на модата им понуди уникатни визири. Овие визири имаат и фотозаштита и се затемнуваат на сончева светлина, па корисниците ги штитат од сонцето. Исто така, имаат и златни детали со изгравирано име на марката Louis Vuitton и еластична лента за главата. Визирите можат и да се носат подигнати како класична капа.

- Advertisement -

Цената на визирот не е позната, но се претпоставува дека нема да биде евтин, пишува CNN Style. Останатите модни додатоци за глава во понудата на Louis Vuitton, вклучувајќи ги и очилата за сонце или капите, се продаваат за стотина долари.

Визирот ќе биде достапен за купување преку интернет продавници и во избрани продавници на Louis Vuitton од 30 септември натаму.

- Advertisement -

(Klix.ba)

Сподели!
- Advertisement -