Идниот месец Аpple ќе го претстави најмалиот iPhone досега – iPhone 12 mini

- Advertisement -

Некаде во октомври се очекува Apple да ја претстави својата најнова серија на iPhone, iPhone 12. Од протечените информации по медиумите дознаваме дека во новата серија телефони ќе биде претставен и најмалиот iPhone досега со екран од 5,4 инчи наречен iPhone 12 mini.

Со оглед на тоа дека очeкуваме да бидат претставени четири нови смартфони, Apple ќе мора да смисли ново име за серијата. Apple го користеше ‘mini’ и за линиите на iPad и Мас компјутерите, како и за iPod од 2004 и 2005 година. Поголемите два телефони од новата серија веројатно ќе ги задржи називите ‘Pro’ и ‘Pro Max’ со екрани од 6,1 и 6,7 инчи.

- Advertisement -

Сите Apple iPhone 12 модели ќе имаат поддршка за 5G и ќе го имаат чипсетот A14. Според информациите кои се појавија за новиот чипсет, перформансите се подобрени, исто како и траењето на батеријата.

Како што е познато, сите нови телефони iPhone ќе имаат 60Hz стапка на освежување на ОЛЕД екраните и ќе имаат уште помали забележителни рабови на горниот дел каде што ќе може да се сместат уште повече икони. Како што се најавуваше уште пред појавата на Apple Watch Series 5, новата серија на iPhone може да не вклучува полначи или EarPods во кутијата, а од Apple велат дека целта на тоа е да се намали електронскиот отпад.

- Advertisement -

(GSM Arena)

(фото: Slashgear)

Сподели!
- Advertisement -