Во Крива Паланка поставена првата станица за полнење на електромобили

- Advertisement -

Општина Крива Паланка во соработка со ЕВН изгради електрична инфраструктура во рамки на проектот за развој на електромобилноста и постави станица за полење на елекртични возила.

Станицата за полнење на електрични возила е поставена на улица „Св.Јоаким Осоговски“ на јавен паркинг кај Осички мост пред Пензионерскиот дом.

- Advertisement -

Користењето на овие возила е на самиот почеток во земјава, сепак иднината на автомобилската индустрија во светот се заснова врз користењето на обновливите извори на енергија, па затоа општинските власти се надеваат дека употребата на електрични возила наскоро ќе биде помасовна, не само од економски причини, туку користењето на овие возила ќе значи и еколошки здрава животна средина.

Примената на обновливите извори на енергија е глобален тренд во автомобилската индустрија и општина Крива Паланка следејќи го тој тренд се вклучува во мрежата на полначи, која се позабрзано се развива.

Сподели!
- Advertisement -