Австралиска компанија развива спреј за нос кој ќе штити од корона вирусот

- Advertisement -

Австралиската биотехнолошка компанија Ena Respiratory развива спреј за нос кој би можел да му помогне на човечкиот имунолошки систем во борбата против обичните настинки и грип, но и против корона вирусот.

Во студија спроведена на животни, спрејот, кој може да се користи во комбинација со вакцини, го намали бројот на вируси кои предизвикуваат КОВИД-19 за дури 96%. Охрабрувачките бројки треба да ги потврдат и клинички тестирања на луѓе, кои, како што велат од Ena Respiratory, може да почнат за помалку од четири месеци.

- Advertisement -

Еден од условите за почеток на клиничките тестирања е докажувањето дека спрејот не е штетен за луѓето и добивање на официјално одобрение. За потсетување, во неколку наврати научниците истакнуваат дека можеби најдобриот начин во борбата против корона вирусот и болеста КОВИД-19 е вакцина која би била администрирана директно на слузницата на носот во форма на спреј, за да може да делува на вирусот на местото каде што најчесто влегува во телото.

(Reuters)

- Advertisement -

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -