Рускиот фонд за директни инвестиции досега има примено нарачки за над 1,2 милијарди дози од вакцината Sputnik V против корона вирусот од сите страни на светот.
„Фондот прими барања за над 1,2 милијарди дози од Sputnik V за периодот 2020-2021 година. Повеќе од 50 земји од Европа, Азија, Блискиот Исток и од Латинска Америка поднесоа пријави за вакцина“ изјави шефот на Фондот, Кирил Дмитриев.
Претходно Фондот ги објави договорите со партнери ос Мексико за снабдување на 32 милиони дози, со Бразил за 50 милиони дози, со Индија за 100 милиони дози и со Непал за 25 милиони дози вакцини.
„Гледаме голем интерес за вакцината од повеќе азиски држави. Во врска со тоа Фондот изразува спремност да снабдување со вакцини на други земји од регионот, со оглед на тоа дека новата зараза со корона вирусот е наш заеднички непријател, кој може да се победи само со заеднички напори“ вели Дмитриев.
Руската вакцина Sputnik-V е првата регистрирана вакцина против корона вирусот. Ја произведе Институтот Гамалеј, кој на 11 август доби потврда за регистрација од Министерството за здравство на Руската Федерација.
Големите клинички испитувања, односно третата фаза со најмалку 40.000 учесници Русија ги започна на 26 август, но испитувањата уште не се завршени. Се очекува дека првите резултати од испитувањата ќе бидат објавени во ноември или декември.
(SEEBiz)
(фото: Pikist)