Мајкрософт ќе гради дата центар во Грција!

- Advertisement -

Американската компанија „Мајкрософт“ ќе изгради дата центар во Грција, што воедно ќе биде прв во земјата, но и во поширокиот регион, а инвестицискиот план, денеска го презентираа претседателот на „Мајкрософт“ Бред Смит и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Планирана е изградба на три единици за складирање на податоци, инвестиција што долгорочно може да достигне и до над една милијарда евра.

- Advertisement -

Грчкиот премиер истакна дека „Грција го има сонцето, а сега добива и свој cloud“, објасни дека инвестицијата не е наменета само за грчкиот пазар, туку и за земјите од поширокиот регион, а „податоците во Грција, ќе се чуваат безбедно и по пониска цена“

Претседателот на „Мајкрософт“ рече дека станува збор за огромна инвестиција, „бидејќи инвестицијата во капитал за секој нов центар на податоци достигнува до стотици милиони долари“. Центарот за податоци ќе биде прв во поширокиот регион на Југоисточна Европа, а вакви центри, „Мајкрософт“ има во Германија, Франција, Холандија и Ирска, а во процес на изградба се во уште три европски земји – Полска, Италија и Шпанија. (МИА)

Сподели!
- Advertisement -