Цените на храната нагло пораснаа во септември

- Advertisement -

Ценитe на храната во септември се зголемија на светските пазари, четврти месец по ред, а тоа е предводено од наглото поскапување на растителните масла и житарките, објави вчера Агенцијата за храна на Обединетите нации (ФАО), пренесува хрватски „Индекс“.

Индексот на ФАО за цените на храната во кошницата за основни прехранбени производи во септември се зголемил за пет проценти од ревидираната вредност во претходниот месец, на просечни 97.9 поени.

- Advertisement -

Минатиот месец најмногу пораснаа цените на растителните масла, за шест проценти во споредба со август, достигнувајќи го најголемото ниво во осум месеци, благодарение на зголемената побарувачка за увоз на палмино масло и пониските залихи во Малезија.

Нагло се зголемија и цените на сончогледовото масло, најмногу поради влошените изгледи за принос во регионот на Црното Море. Цените на житните култури скокнаа за 5.1 проценти , предводени од наглиот пораст на цените на пченицата поради зголемената побарувачка, поттикната од загриженоста за производството на јужната хемисфера и сушата што негативно влијае на зимската сеидба на пченица во Европа.

- Advertisement -

Во споредба со септември минатата година, цените на житарките се зголемени за 13.6 проценти. Шеќерот во септември поскапи за 2.6 проценти во однос на август, поттикнат од очекувањата за вишок на глобалното производство во новата сезона.

Извор – Радио МОФ

Сподели!
- Advertisement -