Ова е првиот метал кој ја задржува цврстината на висока температура

- Advertisement -

Истражувачи од Универзитетот Хонгконг случајно ја открија првата легураво светот која ја задржува својата цврстина наместо да омекне како што расте темепратурата. Изгледа дека легурата наречена „елинвар“ станува потврда како што се приближува температурата до 727°C, а досега не е откриено други метали да се однесуваат на ист начин.

Досега се сметаше дека сите метали омекнуваат како што им се зголемува температурата поради топлинското ширење, но оваа хемиски сложена легура, која има исклучиво изобличена структура на решетка, не го следи тоа правило. Изгледа дека нејзиниот модул на еластичност расте како што температурите стануваат се повисоки. Таму каде што другите метали почнуваат да омекнуваат Co25Ni25(HfTiZr)50 или легурата „елинвар“ со висока ентропија станува поцврста. Тимот тоа го нарече Елинваров ефект.

- Advertisement -

„Кога оваа легура ќе се загрее на 726,85 °C или дури повеќе таа е крута или дури и малку поцврста отколку што е на собна температура и се шири без никаков значаен фазен премин. Тоа го менува нашето знаење од учебниците, затоа што металите обично омекнуваат кога се шират со загревање“ вели професорот Јанг Јонг од Одделот за машинство на Универзитетот.

Покрај Елинваровиот ефект, овој метал исто така покажува органичена еластичност од околу 2% на собна температура. Морате да примените доста енергија за да го деформирате, после што ќе се деформира отприлика двапати повеќе отколку некоја конвенционална кристална легура пред да дојде до трајна деформација. Значи, исклучително е еластичен и способен да складира голема количина еластична енергија.

- Advertisement -

Демонстрацијата на еластичноста на новата легура можете да ја видите од видеото во прилог.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -