Huawei ќе го претстави Mate 40 на 22 октомври

- Advertisement -

Компанијата Huawei на Twitter соопшти дека серијата мобилни телефони Mate 40 ќе ја претстави на 22 октомври. Серијата Mate 40 веројатно ќе бидат последните уреди со процесори Kirin, барем вбо догледна иднина, а причината е економскиот притисок наметнат од САД.

Ричард Ју, еден од директорите на Huawei, на конференцијата одржана во август годинава изјави дека годинава може да биде последна за Kirin процесорите на Huawei. САД ја обвинија кинеската компанија дека шпионира за Кина, а од Huawei ги отфрлија тие тврдења.

- Advertisement -

Сепак, администрацијата на претседателот Доналд Трампс ја стави Huawei на црната листа во мај минатата година, поради што американските компании не можат да тргуваат со компанијата без посебна дозвола. Тоа го спречи и Google да соработува со Huawei и да му ја даде лиценцата за Android, со што ќе и овозможи на кинеската компанија да ги користи апликациите на Google.

Што се однесува на Mate 40 уредите, засега нема информации кога ќе се појават на пазарот. Се очекуваат два модели: Mate 40 со екран од 6,5 инчи и Mate 40 Pro со екран од 6,7 инчи,а ќе чинат од 1.200 до 1.300 евра.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Instagram screenshot)

Сподели!
- Advertisement -