Милиони луѓе ширум светот пред неколку месеци го следеа лансирањето на ракетата на SpaceX со човечки екипаж, која американските астронаути ги однесе до Меѓународната вселенска станица. Тоа беше историска мисија и една од пресвртниците за вселенските патувања на НАСА.
Како настанала SpaceX, кои биле првите вработени и како течел развојот на нивната прва ракета треба да дознаеме од серијата составена од шест дела која ќе се меитува на HBO.
Серијата ќе биде базирана на книгата на Ешли Венс „Elon Musk: Tesla, SpaceX, and the Quest for a Fantastic Future” („Илон Маск, Tesla, SpaceX и походот кон фантастична иднина“), која ја опишува вселенската компанија на Маск. Низ шесте епизоди ќе следиме како Маск ги избрал првите инженери за својата компанија, како и првите чекори до развојот, тестирањето и лансирањето на првата ракета на SpaceX во орбитата.
Животна желба на овој ескцентричен милијардер е луѓето да станат интерпланетарен вид, што со SpaceX ќе се обиде и да го оствари и веќе тестира нова ракета со која сака да испрати астронаути на Марс.
Што се однесува на серијата, интересно е дека за продукцијата, меѓу другото, ќе биде задолжен Ченинг Татум преку својата продукциска компанија Free Association и Даг Јунг, кој на љубителте на научнофантастични филмови им е познат по филмот Star Trek Beyond, но и по Mindhunter, серијата на Netflix.
Доста работи уште не се познати за серијата. На пример, кога можеме да го очекуваме почетокот на снимањето и емитувањето, а многумина најмногу ќе ги интересира актерската екипа, односно кому ќе му припадне честа да го глуми Илон Маск.
(Dnevnik.hr)
(фото: Flickr)