Уживајте во вашиот дом со премиум Lifestyle телевизоритe

- Advertisement -

Како што заладува надвор, сѐ повеќе време ќе поминуваме дома со семејството и пријателите. А, како најдобро да го поминете времето дома ако не со вашиот најверен пријател – телевизорите на Samsung.

Samsung е светски број 1 бренд за телевизори веќе 14 години наназад и постојано изненадува со своите иновации, кои стануваат се попаметни и специјално дизајнирани за да можат да се вклопат во сечиј дом.

- Advertisement -

За овие есенски денови ви препорачуваме да изберете еден од трите Lifestyle модели. Како што кажува самото име, Lifestyle серијата телевизори е создадена за таа да се приспособи на вашиот животен стил, а не обратно.

The Frame

- Advertisement -

Првиот модел е The Frame. The Frame го добил своето име токму поради изгледот – станува збор за телевизор кој изгледа како слика на ѕидот. На тој начин, не само што ќе ви го разубави домот, туку ќе стане дел од вашата лична галерија како уметничко дело.

The Frame доаѓа со различни приспособливи рамки во разни бои, па можете да изберете рамка според вашиот простор, вашите преференции. Ако станете член на The Frame семејството добивате неограничен пристап до уметнички колекции и фотографии на Art Store.

- Advertisement -

Телевизорот учи што ви се допаѓа и ви препорачува уметнички дела кои би ви се допаднале. Можете да создадете персонализирана галерија во дневната соба, а можете и преку телефонот или преку USB стик да префрлите лични фотографии на The Frame. Телевизорот има и шест филтри кои ќе ги направат сликите уште поуникатни.

The Serif

Вториот модел од серијата Lifestyle на Samsung ви овозможува да излезете од границите на вашата фантазија и го менува начинот на кој ги гледаме и ги користиме телевизорите. The Serif можете да го поставите каде сакате и да одговара во секоја просторија. За разлика од обичните телевизори, The Serif изгледа одлично од која било страна и да гледате и може да го сместите буквално секаде, па дури и на островот во кујната. The Serif дефинитивно ќе ја освежи секоја просторија со единствениот и уникатен дизајн во форма на буквата „I“.

Ако не ви е доволно да гледате само една содржина одеднаш, тука е опцијата Multi View. Со The Serif добивате мултитаскинг one-on-one – поврзете го телефонот со телевизорот, приспособете ги димензиите на видеото и звукот според вашите желби и истовремено гледајте телевизија и содржините од телефонот на еден екран.

Телевизорот е опремен и со NFC технологија. Ставете го мобилниот телефон врз The Serif и тој ќе се поврзе со телевизорот, па не мора да ја паузирате музиката која сте ја слушале по пат до дома.

The Sero

Третиот модел од серијата Lifestyle на Samsung во кој ви препорачуваме да уживате оваа есен е The Sero. Со The Sero добивате мобилна забава како на телефон, само овој пат на телевизор. Ако отсекогаш сте сакале екранот на мобилниот телефон да биде голем колку телевизор, тогаш ова е вистинскиот избор за вас.

The Sero се движи за да одговара на содржината – хоризонтално за телевизија и филмови и вертикално за содржината и апликациите од мобилниот телефон. На тој начин секогаш го имате најдобриот агол за гледање. Благодарение на ротирачкиот екран ова е најсоодветниот телевизор за поврзување со мобилен телефон. The Sero ги прикажува содржините од телефонот со оптимизиран сооднос, па така нема да се нервирате за црната рамка околу видеата и ќе уживате во целиот екран.

The Sero има разновидни вертикални режими, па можете да го промените амбиентот во домот со еден од петте режими – постер, часовник, фотографија, звучна бариера или кинограф.

Освен елегантниот изглед, The Sero има изненадувачки моќен звук благодарение на 60-ватните звучници со Dolby Digital Plus. The Sero е компатибилен со неколку гласовни асистенти: Bixby, Amazon Alexa и Google Assistant.

Она што е заедничко за сите три телевизори е најновата технологија на Samsung и повеќе неверојатни опции кои ќе ви го олеснат секојдневието. Уметничкиот режим, на пример, значи дека кога се вклучени се одлични телевизори, а кога се исклучени прикажуваат уметнички дела, фотографии и сл. за да не гледате празен, црн екран.

Понатаму, благодарение на сензорот за осветлување ја детектираат опкружувачката светлина и автоматски го оптимизираат осветлувањето на екранот и тонот на бои за да се добие природен изглед.

Опцијата за адаптивна слика интелигентно го анализира осветлувањето на просторијата и видео содржините, автоматски приспособувајќи се за оптимално осветлување и контраст, така што добиваш природна слика дури и кога се менува осветлувањето.

Со активниот засилувач на звук (AVA) ја идентификуваат опкружувачката бучава во реално време за да може да ги изолираат, засилат и прочистат гласовите или дијалогот кој се одвива, па нема да пропуштите ни збор од кажаното.

Благодарение на технологијата Quantum Dot прикажуваат милијарди нијанси на боите, па ќе гледате некои детали кои не сте можеле да ги видите досега на обичен телевизор. AI Upscaling, пак, значи дека сите три Lifestyle телевизори скалираат сè додека не постигнат 4К квалитет на слика, дури и кога квалитетот на изворот на содржините не е 4К.

Сподели!
- Advertisement -