Долго очекуваниот Самсунг телефон со свитлив екран пристигнува и на европскиот пазар

- Advertisement -

Од Samsung се надеваат дека ќе имаат повече среќа со вториот обид за продажба на својот телефон со екран кој се свиткува Galaxy Fold. Откако се покажа дека екранот не е издржлив, јужнпкорејската компанија го одложи почетокот на продажбата на тој уред додека да ги решат сите проблеми со екранот, а неодамна објавија дека се подготвени за ново лансирање и продажба на Fold.
Денес конечно е официјално познато и точно кога 0вој револуционерен телефон ќе може да се купи по цена од 2.000 долари. Веќе од утре телефонот ќе почне да се продава во Јужна Кореја и ќе биде интересно да се види и каква ќе биде побарувачката за Fold, како и првите рецензии на новите корисници.
Потоа од 18 септември ќе биде достапен и на европскио пазар и ќе може да се купи во Германија, Франција и во Велика Британија. Од тој датум ќе биде достапен и во Синагпур, додека почетокот на продажбата во САД е планиран за 27 септември. Што се однесува на балканските пазари, тој нема да биде достапен тука и единствена опција е да се нарача или да се купи од странство.
Samsung моментално го презентира Galaxy Fold на големиот технолошки саем IFA во Берлин. Освен самиот телефон, најавен е и сервисот Galaxy Fold Premier Service, кој е вклучен во цената на уредот и преку кој корисниците ќе добијат поддршка за сите прашања или евентуални проблеми кои би можеле да ги имаат со екранот.

Сподели!
- Advertisement -