И покрај напредокот на технологијата за батерии, денес толку многу ги користиме смартфоните што понапредните корисници би биле среќни ако батеријата издржи до крајот на работниот ден. Со оглед на тоа дека уште нема на видик некоја револуција врзана за батериите, на корисниците при изборот на телефон една од најбитните опции им е брзината на полнење на батеријата.
Компанијата Xiaomi пред два дена претстави технологија со која батериите на телефоните ќе се полнат многу побрзо. Демонстрацијата на 80W полнење кое ја објавија на YouTube покажа дека батеријa со капацитет од 4.000 mAh безжично може да се наполни за само 19 минути.
Тоа се фантастични бројки, а оние кои немаат 19 минути за полнење ќе се израдуваат кога ќе дознаат дека батеријата може да се наполни до 50% за само 8 минути. Доколку, пак, имате само 1 минута време, тоа ќе биде доволно за батеријата да се наполни со 10%, што ќе ви овозможи да направите некој итен телефонски повик, да испратите порака, имејл итн.
Моментално нема информации кои телефони ќе ја поддржуваат таа технологија и кога ќе се појави на пазарот. Исто така, ќе биде интересно да се види и како Xiaomi го решил проблемот со загревањето при полнење и заштитата на батеријата при безжично полнење.
(9to5Google)
(фото: Pikist)