Научниците од целиот свет забрзано работат на пронаоѓање ефикасен лек за новиот корона вирус, но едно девојче од Тексас освои награда од 25.000 долари за откритието кое може многу да придонесе за откривањето на лекот.
Аника Чебролу има 14 годни, а на медиумите им падна во очи откако ја освои наградата „3M Young Scientist Challenge” за 2020 година за откритието кое може да доведе со потенцијално ефикасен лек за КОВИД-19. Откритието на Аника користи т.н. ин-силико методологија, со која откри молекула која многу селективно може да се врзе на протеините на вирусот САРС-КоВ-2.
Аника својот проект го направила во 8 одделение, но нејзината првична цел не била лек за КОВИД-19 туку да пронајде молекула која ќе се врзува за протеинот на грипот преку споменатата ин-силико метода. Подолу во прилог може да го видите видеото кое го предала при пријавата за наградата во кое го презентира своето откритие.
„Откако толку многу време истражував се за пандемиите, вирусите и откривањето лекови ми изгледаше невозможно да замислам и сама да го проживувам тоа“ вели Аника.
Со помош на својот ментор, откако ја видела сериозноста и влијанието на пандемијата на целиот свет, го пренасочила својот проект кон вирусот САРС-КоВ-2 наместо кон грипот.
Инспирација за барање на лек против вирусот нашла учејќи за пандемијата од 1918 година. Нејзината работа користи бројни бази на податоци. Самата Аника вели дека е почестена со наградата за најдобар млад научник, но порачува дека нејзината работа не е готова, туку сака да им се приклучи на колегите научници во борбата против пандемијата така што ќе го развие своето откритие и ќе направи вистински лек за новиот корона вирус.
„Мојата работа можеби се чини како капка во море, но и понатаму се надоврзува на сите тие напори. Како ќе ја развиваме таа молекула со помош на виролозите и специјалистите “ додава Аника.
(CNN)
(фото: Facebook screenshot)