Апликацијата Skopje ZOO нè мотивира да научиме повеќе за животните

- Advertisement -

Во Скопската зоолошка градина живеат неколку стотици примероци различни видови животни кои потекнуваат од сите страни на светот. Шетајќи низ ЗОО Скопје во еден момент можете да се почувствувате како да сте на сафари помеѓу лавовите во Африка, а веќе во следниот – како да се наоѓате во шумите на Азија додека го гледате маестралниот долгорог тар. Секое животно има посебна приказна, а сега можете да влезете во дивиот свет на Зоолошката градина преку екранот на вашиот мобилен телефон со апликацијата Skopje ZOO.

Запознајте ги подобро сите видови животни – со вчитување на QR кодот поставен пред секое живеалиште. Пребарувајте текстуални или аудио содржини за повеќе од 500 животни од 83 видови со податоци за видот и потеклото на животните, неговите навики, начинот на исхрана и многу други информации. Каде и да се наоѓате, со Skopje ZOO дивиот свет ви е на дланка.

- Advertisement -

Ориентирајте се со дигиталната мапа и лесно најдете ја оптимална рута за посета на омиленото животно. И наместо да го поминете половина од времето резервирано за дружење со семејството во долгите редови пред билетарницата, купете билети онлајн и бидете безбедни во време кога социјалната дистанца е правило.

Доколку сте Magenta 1 корисник, активирајте бесплатен електронски билет, само преку TelekomMK апликацијата и искористете го најдоцна до 31 октомври. Секоја мобилна линија од Magenta 1 фамилијата  може да го активира бесплатниот електронски билет, кој треба да го имате на вашиот смартфон и да го покажете на билетарница.

- Advertisement -

Преземете ја бесплатно Skopje ZOO апликацијата во три јазични верзии од:

Активирајте го електронскиот билет преку TelekomMK апликацијата, преку категоријата „Промотивен билет за Скопје ЗОО“.

- Advertisement -

Skopje ZOO апликацијата е достапна за сите посетители, во три јазични верзии, едноставна е за користење и нема потреба од креирање кориснички профил.

Отсега, вашата посета e збогатена со ова посебно дигитално искуство, кое овозможува да го имате целиот свет на ЗОО Скопје на дланка, дискретно сместен во смартфон апликацијата Skopje ZOO. Апликацијата досега ја имаат преземено повеќе од 14.000 корисници на Android и iOS, кои веќе започнаа со резервирање на своите билети, што придонесе за зголемување на бројот на посетители на ЗОО Скопје.

Пред секое живеалиште во зоолошката има табла со QR код, кој преку апликацијата може да го скенирате и да добиете пристап до информации за животното кое живее таму. Aпликацијата Skopje ZOO нуди детален информативен преглед за секој вид животно кое живее во ЗОО Скопје, но и голем број многу други корисни карактеристики, како интерактивна мапа со живеалиштата на животните и опција за купување на билет преку самата апликација. Заборавете на долгите редици и времето поминато во чекање за да купите билет за ЗОО Скопје – сега тоа можете да го направите тоа од дома, од работа или во движење – без воопшто да креирате профил на апликацијата.

Инспирацијата за создавање на мобилна апликација која ќе им помогне на луѓето полесно да ја организираат нивната посета на ЗОО Скопје ѝ припаѓа на Елена Баламовска, која е вработена во Македонски Телеком и го предложи ова решение како дел од новиот компаниски проект „Мојата идеја“, преку кој компанијата ги поттикнува вработените да предложуваат иновативни и перспективни идеи во корист на јавноста. Преку проектот „Мојата идеја“, Македонски Телеком се обидува да најде креативни одговори на актуелни прашања и проблеми, а општествено одговорната страна на компанијата се отсликува и во апликацијата Skopje ZOO, чија главна карактеристика е купувањето на билет од дома за да се избегнат гужвите и големите социјални собири во време на глобална пандемија. Оваа едукативна дигитална алатка е само уште една потврда дека технологијата може да работи во корист на општеството. Апликацијата Skopje ZOO покрај пишани, има и аудио содржини, кои се совршени за децата од претшколска возраст кои се’ уште не знаат да читаат, а сакаат да научат нешто повеќе за животните ширум светот. Во иднина апликацијата ќе добие повеќе функционални надоградувања кои ќе придонесат кон повеќе забава и едукација за корисниците и посетителите на ЗОО Скопје.

Сподели!
- Advertisement -