Се оствари желбата на Илон Маск – избрани корисници на Tesla ќе добијат целосно самостојни автомобили

- Advertisement -

Илон Маск со години ја потенцира својата желба автомобилит ена неговата компанија Tesla да станат целосно самостојни и од точка А до точка Б возачите да не мора ни да го допрат воланот, туку со возилото да управува компјутер. Иако во нивните возила веќе постои опцијата автопилот, тоа е асистент кој не може целосно да ја преземе контролата врз автомобилот.

Барем се досега. Маск веќе некое време се подготвува за големиот чекор кон целосна автоматизација на Tesla автомобилите и досега во повеќе наврати ја има најавено тест верзијата на новиот софтвер FSD (Full Self-Driving) за вчера конечно на Twitter да објави дека новата опција конечно стигнува за одбрана група корисници.

- Advertisement -

Ќе бидеме ектремно бавни и внимателни, какви што и треба да бидеме“, го коментираше Маск новиот софтвер, кој не е само надградба на постојниот софтвер, туку носи фундаментална промена на архитектурата на невронските мрежи и алгоритми, благодарение на која возилата, односно компјутерите ќе јља препознаваат својата околина во четири димензии наместо во две.

Резултатот на таквите промени треба да биде драматично подобрување на перформансите и брза надградба на софтверот. Иако желба на Маск е кмјутерите целосно да управуваат со возилата без интервенција на возачите, тоа не значи дека луѓето во автомобилот ќе може да спијат или да се посветат целосно на други активности, туку мора да го следат сообраќајот и условите на патот.

- Advertisement -

Иако не е официјално објавено какви новитети ќе донесе бета верзијата, медиумите најавија дека покрај постојните опции како контрола на автомобилите меѓу лентите на патот, автоматско кочење, држење растојание меѓу возилата, ќе бидат имплементирани и опција за застанување на семафори и на знакот „СТОП“, како и можност за вртење на крстосници.

Луѓето кои се дел од избраниците и чии автомобили се надградени со новиот софтвер не можеа да го сокријат своето одушевување на Twitter. „Илон Маск, лудаку„, „Успеа! Иднината е тука“ се само некои од коментарите на корисниците чии ацвтомобили станаа речиси целосно автономни возила.

- Advertisement -

(Futurism)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -