-2 C
Skopje
вторник, декември 1, 2020

Земјата е на врвот на масовното изумирање – видовите исчезнуваат до 1.000 пати побрзо од очекувањата

Kabtel desktop

Израмнувањето на кривата на брзо пропаѓање и уништувањето на природата бара агресивно решавање на проблемите на повеќе фронтови одеднаш, предупредуваат научниците. На пример, за да се спречи изумирањето на лавовите и поларните мечки и да се стопира уништувањето на прашумите потребен е повеќенаменски план со кој ќе се заштити безбедносната мрежа на светот на природата, објави списанието Science.

Не е доволно само да се има амбициозна цел во борбата против изумирањето на видовите ако немаме еднакво амбициозна цел за екосистемите и генетската разновидност, вели еден од авторите, зоологот Пиеро Висконти, научник од Меѓународниот институт за применета анализа во Виена.

На студијата работеле 60 експерти од целиот свет во пресрет на состанокот на врвот на биодиверзитетот кој идната година треба да се одржи во Кина. Станува збор за преговори на 200 земји под закрила на Конвенцијата на ОН и биодиверзитетот, „COP15″, кои требаше да се одржат во текот на овој месец, но беа одложени поради пандемијата. Досегашните напори да се заштити и да се обнови природата пропаднаа.

Планетата е на врвот на масовното изумирање затоа што видовите исчезнуваат 100 до 1.000 пати побрзо од нормалната стапка, се сложуваат најголем дел од научниците. Научниот панел за биодиверзитетот на ОН во драматичниот извештај од минатата година предупреди дека еден милион видови се соочени со изумирање, главно поради губењето на живеалиштата и прекумерната експлоатација, а за тоа се одговорни луѓето.

Голем дел од целите кои беа усвоени пред една деценија, а требаше да бидат исполнети до крајот на оваа деценија целосно се пропуштени. Во меѓувреме, пак, и покрај широкиот спектар мерки, продолжува пропаѓањето на околината.

Минатата година секои шест секунди се уништувале прашуми со површина од едно фудбалско игралиште или вкупно околу 38.000 квадратни километри, покажуваат сателитските податоци. Слични се статистиките и за годината претходно. Минатиот месец Светската организација за заштита на природата објави дека популациите на животни, птици, риби и билки од 1970 година се намалиле за речиси 70%.

Најголем дел од експертите сметаат дека самитот COP15, кој треба да се одржи идната година, сега е моментот за стопирање на уништување на природата. Сите докази укажуваат на тоа дека 2030 година е крајниот рок за дефинирање на амбициозните и реалните цели, вели коавторката на студијата, Јун Џаи Шин, научник во Истражувачкиот развоен институт во Марсеј.

(Zimo)

(фото: Pixabay)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •