-2.7 C
Skopje
вторник, декември 1, 2020

Јапонија сака да стане карбонски неутрална до 2050 година

Kabtel desktop

Јапонија има за цел да стане карбонски неутрална до 2050 година. Премиерот Јошихиде Суга вети дека владата си задала цел да ја намали емисијата на стакленички гасови на 0 во наредните 30 години. Иако Суга не го објасни деталниот план како планираат да ја достигнат таа цел, рече дека е возможно да се достигне карбонска неутралност без да се загрози економијата.

„Одговорот на климатските промени веќе не го уназадува економскиот раст. За жал, Јапонија е петтиот најголем емитувач на стакленички гасови во светот и бавно реагираме на потребите на природата. Денес Јапонија главно зависи од јаглен и фосилни горива за напојување на индустриите“ изјави Суга, но додаде дека владата ќе работи кон префрлање на обновлива енергија, со цел реструктурирање на индустријализацијато до чиста енергија.

Во својот најнов план за обновлива енергија Јапонија си зададе цел да ја намали емисијата на стакленички гасови за 80% до 2060 година. Планот вклучува и можност за производство на енергија од нуклеарни извори, иако на таа опција се противи најголем дел од населението. После инцидентот во нуклеарната централа во Фукушима во 2011 година, населението во Јапонија многу се противи на нуклеарната енергија. Денес се затворено најголем дел од нуклеарните реактори во земјата. Сепак, за Јапонија да ја достигне својата цел потребно е земјата да најде други алтернативи освен нуклеарната енергија.

(The Guardian)

(фото: Pixabay)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •