Starbucks развива нови видови кафе кои се одгледуваат на посебен начин

- Advertisement -

Кафето е многу захтевно за одгледување, посебно „арабика“, најпопуларната сорта. А климатските промени се огромна закана за пазарот на кафе и за фармерите. За правилно да растат, посевите на кафе захтеваат одредена температура, светлина и влажност. Моментално тие сулови главно се исполнети во одредени делови на Латинска Америка, во регионот кој се вика појас на кафе. Но, до 2050 година предупредуваат дека покачените температури ќе ја намалат површината погодна за одгледување кафе за до 50%.

За кафето да продолжи да напредува таму каде што е сега, мора да се сменат некои работи. Затоа, компанијата Starbucks, која вели дека купува околу 3% од светските количини кафе, развива нови сорти на „арабика“ кои се посебно одгледани за да опстануваат подобро на планета која се загрева.

- Advertisement -

Повеќе од 10 години агрономите во Starbucks одгледуваат различни врсти кафе со цел да пронајдат некоја која ќе даде голема количина плод за релативно кратко време и меѓу другото, да се избори со болеста рѓа на листовите на кафето, која го напаѓа стеблото и станува се поголема закана со климатските промени.

После спарувањето на стотици сорти, компанијата создаде шест кои ги исполнуваат стандардите за вкус на компанијата. Каталогот кој ги опишува шесте нови сорти на Starbucks им е достапен на земјоделците на Хациена Алзасија, односно образовниот и истражувачки центар во Костарика.

- Advertisement -

Во каталогот се открива дека едната врста е со ноти на диња, мед и шеќерна трска, другата има цитрусни, билни и цветни ноти. Каталогот го опишува и растот на кафето, како и надморската висина на која преживува, големината и структурата на билката и колку години ќе бидат потребни до првото производство. Некои од сортите даваат плод за две години, наместо на три или четири.

Ако се оди според планот, тоа значи повеќе кафе, победа за Starbucks и неговите доставувачи.

- Advertisement -

Starbucks има речиси 36.000 локации ширум светот и во голема мера зависи од фармери. Компанијата купува кафе од околу 400.000 фармери во 30 земји.

(Bizlife)

(фото: Public Domain Pictures)

Сподели!
- Advertisement -