Instagram воведува нови правила за корисниците во САД за да спречи ширење на лажни вести

- Advertisement -

Instagram вчера најави воведување нови промени во својата платформа за американсктие корисници со цел спречување на ширењето на лажни вести во време на одржување на претседателските избори на 3 ноември.

Така, за корисниците во САД од четврток на таа социјална мрежа за споделување фотографии и видеа привремено е укината опцијата за обележување и пребарување содржини со хаштагот „recent“, се вели во соопштението на Twitter.

- Advertisement -

Тоа го правиме со цел да го редуцираме ширењето на потенцијално штетни содржини во реално време кои би можеле да се појават во време на изборите“, стои во соопштението.

Опцијата „recent“ на Instagram ги уредува хаштазите по хронолошки ред и ги амплифицира содржините. Автоматизираната амплификација може да доведе до брзо ширење на лажни информации на платформата.

- Advertisement -

Оваа одлука е донесене среде засилени притисоци врз социјалните медиуми да го стопираат ширењето на лажни вести врзани за изборите и да се подготват за можноста за избивање насилство или застрашување на изборните места во времето на гласање на 3 ноември.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -