Amazon ќе му конкурира на Илон Маск со својот вселенски интернет

- Advertisement -

Amazon се подготвува за лансирање на своите први сателити на 6 ноември, со што ќе се означи почетокот на амбициозниот проект Kuiper, вселенска интернет услуга со која сака да биде конкуренција на Starlink на SpaceX.

Двата сателити, наречени KuiperSat-1 и KuiperSat-2, се предвидени за полетување во петок од Кејп Канаверал во Флорида. Тие сателити ќе бидат поставени за полетување со ракетата Atlas V United Launch Alliance (ULA) во орбитата на 500 км над земјината површина, за да се проценат битните компоненти од мега констелацијата Kuiper, која е дизајнирана да има вкупно 3.200 сателити.

- Advertisement -

Навистина е битно да се тестираат сателитите пред да се лансира остатокот од консеталцијата, велат од компанијата и додаваат дека станува збор за голем чекор, на кој се чекало долго време.

Целта на проектот Kuiper е да овозможи поврзување на оддалечени подрачја преку сателитски пристап до интернет, значи исто како и Starlink. Amazon влегува во конкурентно поле затоа што другите компании како SpaceX и OneWeb веќе имаат лансирано значителен број сателити за обезбедување слични услуги.

- Advertisement -

Инвестицијата на Amazon во проектот Kuiper изнесува 10 милијарди долари и осигураа капацитет за лансирање на разни ракети кои не се на SpaceX ширум светот за да ја поддржат својата иницијатива.

Компанијата имаше доцнезе во развојот на некои од ракетите за проектот, па поради тоа имаше тужби од акционерите, кои тврдеа дека личното ривалство меѓу Џеф Безос и Илон Маск влијаело на процесот на избор на ракетите.

- Advertisement -

За да го надоместат доцнењето Amazon ја користи ракетата Atlas V за почетното лансирање на своите два прототипови. Тие сателити се релативно големи, со проценета маса од над 500 кг, што значи дека се преголеми за постоечките мали ракети, но премногу мали за ракетите со голем капацитет како Atlas V.

Amazon планира да почне со производство на своите сателити за Kuiper во нормална големина подоцна оваа година, а првите лансирања се закажани за првата половина од 2024 година. Првичната услуга Kuiper трба да биде воведеа во втората половина од 2024 година, со интернет брзина до 1 гигабит во секунда.

(New Scientist)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -