Колку време е потребно да се заразите со корона вирусот ако сте блиску до некој кој е веќе заразен? За жал, нема магичен број на минути. Американскиот Центар за контрола и превенција на болести неодамна ја ревидираше дефиницијата на близок контакт. Претходно за близок контакт се сметаше личност која поминала најмалку 15 минути на оддалеченост помала од 2 метри од заразена личност.
Сега тие 15 минути не мора да бидат последователно. За блисок контакт се смета личност која била на најмалку 2 метри од заразена личност минимум 15 минути во 24 часа. Зошто е сменет тој податок? Затоа што се покажа дека затворски чуват во Вермонт е позитивен на корона вирус после повеќекратни, но кратки контакти со шестмина симптоматски затвореници.
Во текот на осумчасовна смена тој имал 22 средби со затвореници во вкупно времетраење од 17 минути. Значи ли тоа дека сте безбедни ако поминете помалку од вкупно 15 минути блиску до заразена личност. За жал, не е секогаш така. 15 минути само е ориентациона вредност.
Ризикот може да биде помал на подолг период, а поголем во пократок период. Има многу променливи кои влијаат на количината вируси кои некој ќе ги прими, а всушност тоа е најбитно.
Освен времето на изложеност на вирусот, битно е дали заразената личност има симптоми, дали воопшто ги имала или ги развила подоцна, дали биле надвор или во затворен простор, какво било проветрувањето на просторијата, колку луѓе имало таму и што правеле.
Ако, на пример, седеле и пееле во подрумот на некој пријател наместо тивко да седат во парк, расте ризикот дека ќе се заразат во пократок период. Дефиницијата за близок контакт не се менува ако притоа сте носеле маска, но тоа не е таказатоа што тие се корисни во превенцијата на заразата. CDC маските не се земаат предвид затоа што многумина не ги носат правилно.
(Zimo)
(фото: Wikimedia)