Основачот на „Amazon“ и најбогатиот човек на светот Џеф Безос во петокот изгуби 9,5 милијарди долари, според „Forbes“.
Акциите на компанијата паднаа за 5%, иако еден ден претходно тие објавија подобри од очекуваните финансиски резултати за последниот квартал.
Голема загуба претрпе и поранешната сопруга на Безос, Мекензи Скот, која доби 4% од акциите на „Amazon“ по разводот – 3,3 милијарди долари.
Според последните податоци, двајцата имаат 179,4 милијарди долари и 57,8 милијарди долари.
При објавување на резултатите за третиот квартал, „Amazon“ ја предвиде очекуваната продажба за тековниот четврти квартал од 2020-та година.
Тие предвидуваат продажба од 112 до 121 милијарда долари, што би претставувало годишно зголемување од 28-38%, како и првиот квартал за „Amazon“, во кој компанијата ќе ја премине границата од 100 милијарди долари.
Тековниот максимум е за продажба од 96,1 милијарди долари.
(Denar.mk)
(фото: Wikimedia)