Истражувачи развија нетоксична природна боја за коса врз база на меланин

- Advertisement -


Истражувачи од Универзитетот Нортвестерн развија нов спектар бои за коса кои изгледаат како природната боја, а се направени со користење ензими за катализирање на ссинтетички меланин. Новата студија е објавена во списанието Chemistry of Materials, а содржи детали за тоа како со користење на меланин успеале да создадат поздрава алтернатива на традиционалните бои за коса.

„Кај луѓето меланинот во задниот дел на окото ни помага со видот, во кожата не штити од УВ зрачењето, додека кај птиците, како што е паунот, спектакуларните бои доаѓаат целосно од меланинот“ вели Нејтан Џианески, водач на проектот и помошник директор во Интернационалниот институт за нанотехнологија.

- Advertisement -

Меланинот се произведува од страна на секој организам, што значи дека има различни видови и е суровина со која лесно може да се експериментира во лабораторија. Вообичаено за бојадисувањето на косата стилистите користат белило за да го отстранат меланинот од косата. Потоа додаваат амонијак и боја кои пенетрираат во кутикулите на косата за да се добие трајна боја.

Истражувачите се обиделе со нов, помалку токсичен метод. Тие го замениле меланинот со синтетичка верзија наместо да го отстрануваат од косата и бојата потоа ја нанеле на површината на влакното наместо во него. Тие велат дека ова е многу поодржлив метод за креирање трајни бои. Прелиминарните тестови покажале дека вака создадената боја може да издржи неколку миења на косата.

- Advertisement -

„Процесот на бојадисување е сличен од апскет на стилистите, но состојките се поблаги, па затоа е потребно повеќе време. Иако може да се комбинира со база, не е неопходно да се корисат хемиски пигменти. Бидејќи меланинот веќе го имаме во нашите тела, веруваме дека нема да има алергиски реакции“ вели Клаудија Батистела, прв автор на студијата.

Ова истражување открива нов правец во кој може да се развива индустријата за нега на косата без да се користат хемикалии кои може да се токсични, па дури и акрциногени и да предизвикаат алергиски реакции кај голем дел од населението.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -