Ова е првиот сок за кучиња во светот

- Advertisement -

Дали знаете дека постојат сокови за кучиња? Уникатен производ во светот, а настанал во Србија благодарение на идејата на Ѓорѓе Аризановиќ, кој пред четири години се одлучил да влезе во тој бизнис. Ѓорѓе самиот со својот тим го осмислил озвежуваќкиот пијалак за кучиња ,,King’s Choice“, кој го има во повече вкусови: малина, боровинка, ананас итн. , а може да се нарача во кафуле или ресторан. Може да го пијат дури и луѓе.

Идејата за сокот јадобил случајно, кога се одлучил да побара пијалак во локален дуќан за миленици. Бидејќи бил уверен дека тој производ постои на пазарот, како и се останато за домашни миленици, па ја прашал продавачката дали имаат такви сокови. Таа чудно го погледнала и му рекла дека немаат. Веднаш потоа почнал да ги бара на други места и сфатил дека не постојат никаде во светот.

- Advertisement -

„Одлучив да преземам нешто. Отидов на Ветеринарниот факултет и таму почна се. Луѓето беа изненадени, но и спремни за соработка. Со тек на време го проширивме тимот. а рецептот за соковите го чуваме во строга тајност. Ни требаа околу две и пол години за да направиме совршен рецепт“ вели директорот на компанијата King’s Choice, Џорџе Аризановиќ.

На почеток имале многу предизвици – од создавањето на рецептот до наоѓањето луѓе кои ќе работат на него, средувањето на документите за извоз и околу самиот производ зата што е уникатен на пазарот, односно отворањето фабрика и наоѓањето соодвегтни машини. Со сите тие предизвици Џорџе се соочил во 2023 година.

- Advertisement -

Младиот претприемач открива дека и луѓето можат да го пробаат сокот и ништо нема да им се случи. Само веројатно нема да им се допадне затоа што е наменет за кучиња и содржи природни состојки добри за здравјето на кучињата, вели тој.

Што се однесува на производството, тоа е многу сложено и се врши во фабриката во Петровац, каде што за еден час може да се направат 1.200 сокчиња.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -