Печатницата Пропоинт започна достава на готовите производи со електрични возила

- Advertisement -

Печатницата Пропоинт деновиве ги замени старите возила на бензин со нови електрични возила. Електричните возила за достава на печатените материјали ја етаблираат оваа реномирана печатница како еколошки одговорна и зелена компанија.

Со оваа мерка Пропоинт се доближува кон поставената цел, да биде “100 проценти зелена компанија” и да даде сериозен придонес кон намалување на загадувањето и намалување на негативните ефекти врз климатските промени. Набавката на електрични возила е последна од инвестициите во енергетската одржливост во компанијата. Минатата година печатницата инвестираше во соларна централа (постави фотоволтаични панели на кровот од својот објект) со капацитет од 425 киловат часови. Вкупното прозводство на електрична енергија во 2019 година изнесувало околу 500 MWh, со што тие оствариле придонес за 470 тони CO2 редукција на јаглерод диоксид. Произведената енергијата ја користат за сопствени потреби а вишокот го пласираат во дистрибутивна мрежа.

- Advertisement -

Пропоинт се вбројува меѓу најдобрите печатници во Македонија, која веќе 24 години опстојува на висока позиција на пазарот и континуирано инвестира следејќи ги техничко-технолошките иновации во светски рамки. И покрај тоа што користи софистицирани машини за печатење и доработки, користи и еколошки бои за печатење, а сето тоа има голем придонес во намалување на загадувањето.

Сподели!
- Advertisement -