Во Земјината орбита наскоро ќе стане гуѓва. Освен илјадниците сателити кои планира да ги испрати Илон Маск, уште една земја е заинтересирана за сличен проект. Имено, Ѕtarlink на Маск наскоро може да добие конкурент од Русија.
Дизајнерскиот завод зна петтата генерација, кој е дел од високотехнолошкиот центар Сколково во Москва и технолошкиот парк Академпарк во Новосибирск планираат да лансираат мали сателити за IoT (Internet od Things).
„Нашите идни планови опфаќаат лансирање на јата од мали сателити за воспоставување комуникација во M2M сегментот (machine-to-machine), порачуваат од рускиот завод, но не прецизираат во кој временски рок ќе се случи тоа.
Радиските медиуми наменети за комуникации моментално се тестираат на сателитот Norby, кој е лансиран во орбитата од вселенскиот центар Плесетск на 28 сетември.
Сателитот се наоѓа во робитата и сите комуникациски тестирања досега поминуваат без тешкотии. Самиот сателит Norby нема да биде дел од замисленото јато сателити во орбитата туку служи само за тестирање на можноста за таква платформа и самиот модул во реални услови.
(TASS)
(фото: Pixabay)