САД се првата земја во светот која се повлекува од Парискиот климатски договор

- Advertisement -

САД и официјално го напуштаат меѓународниот договор за климата кој на крајот на 2015 година беше постигнат во Париз. Американските власти на 4 ноември 2019 година ги известија ОН дека почнале процес на напуштање на договорот. Тогаш шефот на американската дипломатија Мајкл Помпео изјави дека предавал официјално известување до ОН и на тој начин започна процесот на повлекување, кој трае една година.

Помпео го нарече Парискиот климатски договор го нарече „економски нефер товар“ за американската економија. Околу 200 држави го потпишаа тој договор, според кој секоја земја си задава цели за намалување на емисијата на стакленички гасови кои водат до климатските промени.

- Advertisement -

САД се првата земја во светот која се повлекува од Парискиот климатски договор. Иако американскиот претседател Доналд Трамп на средината на 2017 година донесе одлука за напуштање, САД тоа не можеа да го направат се до 4 ноември 2019 година бидејќи договорот забранува повлекување на земјите во текот на првите три години од ратификацијата.

(N1)

- Advertisement -

(фото: Pacific Forest)

Сподели!
- Advertisement -