Ова е првата заштитна маска во светот со вградени слушалки

- Advertisement -

Заштитните маски се последен тренд во преносната технологија. LG направи преносен прочистувач на воздухот, белгиска маска ја мери температурата, заситеноста со кислород и има сензори за здив, а јапонска маска го преведува она што го зборувате на осум јазици. Маската Maskfone е последниот додаток во таа категорија како првата маска во светот со вградени безжични слушалки.

Слушалките, всушност, не се вградени туку се ставени во внатрешна преграда во маската и можете да ги извадите кога сакате. Потоа можете да ја исперете како и секоја друга маска. Слушалките кои доаѓаа со Maskfone се од брендот Motorola и се многу слични со Verveloop105 фитнес слушалките, но уште не е познат точниот модел.

- Advertisement -

На предниот дел од маската има икони за „+,” „-” и „Play“, со кои можете да ги контролирате слушалките поставени под ткаенината. Слушалките лесно се поврзуваат преку Bluetooth со телефонот и лесно се контролираат.

(Engadget)

- Advertisement -

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -