Турција ги казнува социјалните мрежи со милион евра

- Advertisement -

Турција денес го изрече првиот пакет високи казни за големите социјални мрежи, вклучувајќи ги Twitter, Facebook и Instagram, поради непочитување на контроверзниот закон кој значително ја зголемува моќта на турската власт над тие платформи.

„Казната од 10 милио ни турски лири или речиси 1 милион евра е изречена за социјални мрежи, вклучувајќи ги Facebook, Instagram, Twitter, Periscope, YouTube и TikTok, кои не одредиле претставник по истекот на законскиот рок“ објави на Twitter заменик министерот за сообраќај и инфраструктура Омер Фатих Сајан.

- Advertisement -

Законот, кој значително ја зајакна контролата на власта на социјалните мрежи, стапи на сила во октомври. Според новиот закон, социјалните мрежи со повеќе од 1 милион конекции дневно, како Twitter и Facebook, мора да имаат претставник во Турција и да ги почитуваат судовите кои бараат укинување на одредени содржини во рок од 48 часа.

Во случај на непочитување, платформите ризикуваат парични казни до 30 милиони турски лири, односно 3 милиони евра, забрана на приходи од огласување и нагло менување на нивниот опсег.

- Advertisement -

И покрај заканите со санкции, речиси сите социјални мрежи досега одбија да попуштат пред мерките предвидени со законот, затоа што сметаат дека тоа би донело цензура. Единствено руската платформа Vkontakt прифатила да именува претставник во Турција.

Турската влада веќе некое време ги следи Twitter и Facebook, а бројните тужби поради навредите на шефови на држави или поради терористичка пропаганда се покренати врз основа на обични твитови. Турција во 2019 година го блокираше пристапот до 408.000 веб локации, 40.000 твитови, 10.000 снимки на YouTube и 6.200 споделувања на Facebook, се наведува во извештајот на Здружението за слобода на изразување.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -