Освен изборот за Белата куќа и Конгресот, граѓаните на едно мало американско гратче во Кентаки. Ова и не би била битна вест ако избраниот градоначалник на Ребит Хеш не беше куче. Имено, францускиот булдог Вилбур Бист победи во трката за градоначалник со 13.143 гласови и стана најпопуларниот градоначалник на тој град. Одзивот бил рекорден со 22.985 гласови.
Бист не е првото куче на чело на градот, бидејќи сите градоначалници на Ребит Хеш се кучиња уште од 90-тите години. Граѓаните гласаат така што на гласачките ливчиња го пишуваат името на кандидатот за кој гласаат и потоа донираат долар за историското здружение на градот.
Првиот избран градоначалник во историјата на Ребит Хеш бил вдомениот мешанец Гуфи Бохерман Калхун. Тој бил инаугуриран во 1998 година на четиригодишен мандат, но не издржал со крајот затоа што умрел на 17-годишна возраст.
Годинава Вилбур Бист го победи Бринет Палтро, спасен питбул, кој бил градоначалник од 2017 година.
(Bizlife)
(фото: Pxhere)