Во Тунис е направена 3Д печатена бионичка рака која работи на соларна енергија

- Advertisement -

Во Тунис со помош на 3Д принтер е направена бионичка рака која користи соларна енергија за да се движи. Дваесетгодишниот инженер Мохамед Дауфи запознал осумгодишно момче без раце и нозе во локалната болница во Tунис и одлучил да му помогне. Детето останало без екстремитети поради удар на струја.

Дауфи и неговите колеги почнале да развиваат бионичка рака во склоп на стартапот Cure Bionics. Тимот со помош на 3Д принтер произвеле бионичка рака која за напoјување користи соларна енергија. Раката е прилагодлива и може да се подесува како што расте детето. Протетичката рака ја контролираат и мускулите, така што хируршкиот процес за поврзување со човечкото тело воопшто не е потребен.

- Advertisement -

Инженерот го дизајнирал првиот прототип додека бил студент, а бионичката рака уште е во развој. Сензорите ги детектираат движењата на мускулите благодарение на софтвер базиран на вештачка технологија. Cure Bionics на корисниците им овозможува за изберат боја, облик и дизајн на панелот на рацете според нивните желби.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -