Најголемиот дрон во светот носи 5G од стратосферата

- Advertisement -

Британската компанија Cambridge Consultants и Stratospheric Platforms Limited (SPL) ги објавија плановите за изградба на најголемиот дрон во светот, кој ќе лета на висина од 20 нкм над копното и ќе има можност да емитува 480 индивидуални управливи сигнали на површината на Земјата. Оттаму тврдат дека само 60 од нив ќе имаат можност за обезбедување 5G конективност во цела Велика Британија.

Компаниите велат дека постигнале најголем напредок во развојот на летечки безжични антени кои ќе овозможат 5G по цена која е само дел од трошоците потребни за изградба на инфраструктура на Земјата и со минимални ефекти врз околината.

- Advertisement -

Компаниите кои веќе изградиле концепт велат дека ова е врв на нивниот заеднички четиригодишен проект за развој на платформа за висока надморска височина HAP (High Altitude Platform) и комуникациски систем кој делува во стратосферата за да овозможи пристапна и брза конективност во секој дел од светот.

„Поединечен HAP ќе овозможи покриеност на површина до 140км, што е исто како да се постават стотина денешни копнени антени. Флотата од 60-ина HAP може да ја покрива цела Велика Британија, обезбедувајќи рамномерно покривање со врвни брзини на 5G од над 100 Gbps. Со радикално поевтини трошоци новата платформа може да ги поврзе досега неконектираните зеји во развој, да ги пополни празнините во поркиеноста на развиениот свет и да се осигура дека нема да останат неконектирани рурални подрачја во светот. Покрај тоа, хидрогенскиот електроенергењтски систем има минимални ефекти врз околината, со ниско ниво на бучава, нула емисија на CO2 и нула NOx”, објаснуваат од Cambridge Consultants и SPL.

- Advertisement -

Една од интересните опции на овој систем е и можноста за обезбедување 5G конективност на возилата во движење затоа што може да се управува со радиобрановите, па дури и да се овозможи индивидуален 5G сигнал за поединечни автомобили на патот.

Во претстјниот период компаниите ќе развијат функционален прототип на дронот, ќе одржуваат пробни летови и ќе ја тестираат 5G мрежата, а стартувањето на првиот комерцијален стратосферски 5G сервис е планирано за 2024 година во Германија.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Youtube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -