Porsche ја претвори највисоката зграда во светот во свој личен билборд. Кулата Бурџ Калифа е висока 828 метри и се издига на небото во Дубаи над другите згради. Дури и втората највисока зграда во светот, кулата Шангај, висока 632 метри, изгледа многу помала ако ги ставиме една до друга.
За среќа на Porsche, импозантната структура има над 1 милион ЛЕД сијалички на една од страните и со тоа претставува најголемиот дисплеј во светот. За германскиот производител на автомобили тоа значи дека му требала само кратка анимација која е прилагодена на уникатната форма на зградата.
Porsche ја најде и вистинската прилика за тоа – официјалното лансирање на Taycan, првиот целосно електричен автомобил за пазарот на Средниот Исток. Се разбира, целата анимација беше поврзана со темата електрификација.
„Секој произведен автомобил Porsche има душа“ беше текстот на анимацијата, а се споемнуваа и некои од нaјвпечатливите модели на Porsche низ историјата, почнувајќи со Lohner-Porsche од 1900, па она што се смета за првиот модерен Porsche, моделот 356 и најиконскиот модел 911. Потоа следуваше 918 Spyder, 919 Hybrid и целосно електричниот тркачки модел, што беше и целата поента на анимацијата.
(Autoevolution)
(фото: Pixabay)