САД го одобрија првиот брз домашен тест за корона вирус

- Advertisement -

Администрацијата за храна и лекови на САД (FDA) издаде итно одобрување за употреба на првиот брз тест на Ковид – 19 за домашна употреба. Станува збор за молекуларен тест.

Иако дијагностичките Ковид-19 тестови веќе може да се направат дома, па да се испраќаат примероци, ова е првиот тест што луѓето можат да го направат сами, но и самите да ги прочитаат резултатите, нагласува FDA на официјалната веб-страница.

- Advertisement -

„Оваа нова опција за тестирање е важен дијагностички напредок за решавање на пандемијата и намалување на товарот врз јавните здравствени системи“, соопшти агенцијата. Патем, брз домашен тест можат да направат сите лица на возраст од 14 години и повеќе, за кои лекарот се сомнева дека имаат коронавирус.

Функционира така што потенцијално заразеното лице ќе земе брис од носот, ќе го стави во епрувета, а потоа на местото кое е предвидено за тоа. По околу половина час, резултатите може да се прочитаат директно од осветлениот дисплеј.

- Advertisement -

(Denar.mk)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -