Twitter воведува твитови кои исчезнуваат после 24 часа

- Advertisement -

Twitter ги прошири своите можности и лансираше нова опција „fleets”, а во прашање се твитови кои исчезнуваат осле 24 часа, слично како фотографиите на Snapchat и Instagram.

Од компанијата претходно објавија план во врска со твитовите кои ќе исчезнуваат после 24 часа, а можноста е тестирана во Бразил, Италија, Индија и во Јужна Кореја.

- Advertisement -

„Некои од вас ни кажаа дека им е незгодно да пишуваат твитови затоа што се е трајно и јавно. Секогаш постои притисок потоа да се репојават твитовите“ изјавија директорот за дизајн на Twitter, Џошуа Харис и менаџерот за производство, Сем Хејвсон. .

Бидејќи fleets исчезнуваат после еден ден и на луѓето ќе им помогнат да се чувствуваат поудобно да споделуваат лични и случајни мисли, мислења и чувства.

- Advertisement -

Некои корисници на Twitter кои експериментираат со оваа нова опција велат дека тоа отворило простор за вознемирување на интернет поради големиот број несакани директни пораки.

Fleets може да содржат текст, фотографии и видеа, кои ќе бидат достапни на самиот врв на временската линија на Twitter и на профилите. Од Twitter потврдија дека работат на опција која на корисниците би им овозможила и да разговараат во рамките на live јавувања, а на почетокот на оваа година воведоа и нова функција за твитови составени од гласовни пораки.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -