„Менора на иднината“, интернационален натпревар за креативци и иноватори

- Advertisement -

Израелските студенти и ученици, поранешните студенти и ученици и академскиот персонал на Колеџот за инженеринг Азриели од Ерусалим, Универзитетот Бен Гурион во Негев, Универзитетот Бар Илан, Институтот Лев, Институтот за технологија HIT Holon можат да учествуваат на натпреварот за редизајнирање на познатиот израелски свеќник – менора и да смислат ново инженерско решение за менората од иднината.

Нивната задача е да дизајнираат менора која е комбинација од роботика, 3Д печатење, електроника, физика, механички и еколошки компоненти или менора која е уникатна комбинација од материјали. Овој интернационален натпревар се организира под покровителство на израелското Министерство за надворешни работи и Израелската агенција за интернационален развој и соработка Машав, како дел од едукативната програма „Проект 1.000 менора“ (“Project 1000 menorahs” посветен на негувањето на сеќавањето на еврејската заедница во Северна Македонија која била уништена за време на холокаустот), а во партнерство со македонските институции кои учествуваат во проектот „Дела наместо зборови“ (Acta Non Verba – Deeds Not Words) и Битолската агенција за урбан развој, Израелската асоцијација за зачувување и промовирање на културата на Битола и израелската заедница на Битола.

- Advertisement -

За учество треба да се исполнат следните критериуми:

-менората може да виде физичка или виртуелна

- Advertisement -

-менората треба да е во контекст на идејата за светлина и сегашната форма

-менората треба да биде иновативна и креативна

- Advertisement -

-треба да се прикачи објаснение на инженерскиот принцип на менората и начин на фунцкионирање (пожелно како дел од видеото)

-решението може да се поднесе индивидуално или во група

-не мора да се дизајнира кошер менора

При носењето на одлуката ќе бидат земени предвид следните критериуми:

-иновативност

-креативност

-степен на инженеринг

-ниво на перформанси

-презентација.

Менорите кои ќе учествуваат на натпреварот ќе бидат изложени на посебна изложба после завршувањето на прелиминарното оценување. Менорите кои ќе продолжат во финалната рунд ќе бидат оценувани од посебен професионален панел, кој ќе го избере победникот.

Победничката менора и нејзиниот дизајнер ќе отпатуваат до Северна Македонија каде што ќе биде одржата церемонија за палење на менората во присуство на израелскиот амбасадор во Северна Македонија и на директорот на Балканскиот оддел при израелското Министерство за надворешни работи, министрите од владата, дипломати и ВИП личности поканети на церемонијата.

Првата награда на натпреварот е 1.000 долари и патување до церемонијата во Северна Македонија. Ако поради ситуацијата со КОВИД-19 во светот биде откажано патувањето, наградата ќе се зголеми на 3.000 долари. Втората награда изнесува 300 долари, а третата награда е 200 долари.

Сподели!
- Advertisement -