Според Хоакин Дуато, потпретседател на Извршниот комитет на Johnson & Johnson, нивната вакцина против корона вирусот ќе биде достапна од втората половина на 2021 година. Производителот на лекови планира да дистрибуира 1 милијарда дози по цена помала од 10 долари.
Дуато ја oбјави добрата вест на конференција за печат. Студијата на фармацевтската компанија Janssen, која беше одобрена вчера од шпанската Агенција за лекови и здравствени производи, гарантира дека вакцината ќе биде достапна во втората половина од 2021 година.
Планираните 1 милијарда дози од вакцината ќе бидат доставени преку мрежа од соработници како влади и организации од типот на COVAX, проект за кој ќе бидат алоцирани половина од дозите вакцини за посиромашните земји.
„Во текот на наредните шест месеци ќе видиме дека овие ефективни вакцини ќе бидат достапни за јавноста“, изјави Дуато и додаде дека вакцината на која што работат ќе ги гарантира стандардите за безбедност и квалитет кои ги најавија други компании од секторот.
Од мултинационалната компанија уверуваат дека цената на вакцината нема да биде поставена за поголем профит, туку за доброто на народот. „Сакаме да ја гарантираме пристапноста на вакцината за сите територии, па затоа нема да биде повисока од 10 долари по вакцина“, велат од Johnson & Johnson.
Минатата недела американските фармацевтски компании Рfizer и Moderna ги објавија клиничките резултати од третата фаза за нивните вакцини. И двете вакцини покажаа ефективност од 95%.
(Entrepreneur)
(фото: Wikimedia)