Илон Маск ќе произведува автомобили со помали димензии за европскиот пазар

- Advertisement -

Илон Маск ги откри потенцијалните планови на Teslа, кои вклучуват развој на нови електрични автомобили со помали димензии дизајнирани од европски дизајнери и наменети за европскиот пазар. За таков автомобил се зборуваше после најавата за отворање на германска фабрика, а иако и понатаму ништо не е официјално и се чини дека уште не се донесени никакви конкретни одлуки, барем знаеме како размислуваат Маск и неговата екипа.

Ова се двете главни причини поради кои можеме да очекуваме европска Teslа, односно возило кое ќе се дизајнира и ќе се произведува во Германија. Првата причина е што Маск сака да ги привлече најдобрите таленти, дизајнери и инженери во компанијата. Во тоа веќе успеаја во САД и токму Tesla е најинтересна компанија за инженерите во земјата, а сега сакаат истото да хо направат на европско тло. За да го направат тоа и да ги привлечат најдобрите вработени треба да им се овозможи создавање на оригинални производи, а не само преработка и производство на автомобили кои ќе ги потпишуваат дизајнери од Фримонт.

- Advertisement -

Втората причина се однесува на разликите на европскиот и американскиот пазар. Маск вели дека за европскиот пазар има смисла да се прави компактен автомобил. Намерата им е да направат автомобил кој ќе ги задоволи потребите на Европејците, кои преферираат помали возила. Ако се обидувате да паркирате во преполни урбани простори, многу е битно да имате автомобил кој одговара на тесните паркинг места.

Се надеваме дека таквото возило ќе биде нешто поевтино во однос на постојните автомобили. Треба да потсетиме дека неодамна Маск споменуваше дека цената на тој автомобил треба да изнесува околу 25.000 долари.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -